мн. групаштва
Вид збор: Именка, среден род
фракција, фракционерство
Примери:
Одделни членови беа обвинети за групаштво.
мн. струи
Вид збор: Именка, женски род
правец, страна, црта
Примери:
политичките струи
мн. фракции
Вид збор: Именка, женски род
Група луѓе од една политичка партија што имаат поинакви погледи по некои прашања од официјалната партиска политика.
Организирана група членови на некоја партија во парламент или некои други општествени органи.
Примери:
Вонпартиска фракција.