factor - онтологија

фактор повеќе

мн. фактори
Вид збор: Именка, машки род
Движечка сила или еден од условите за некој процес или појава.
Албански: faktor
Примери:
Се јавува како важен фактор за развитокот.

чинител повеќе

мн. чинители
Вид збор: Именка, машки род
Составен дел од нешто, што го сочинува производот.
Тоа што го условува постоењето на нешто, причина или услов, движечка сила, фактор.
Примери:
Актуелниот проблем го условуваат голем број чинители.
Тој што одлучува за нешто.
Примери:
Одговорните чинители ќе го решаваат проблемот.