fake - онтологија

изрежира повеќе

Види и: режира (св. и несв.)
изрежираат
Вид збор: Глагол, свршен
намести, подметне
Албански: bëj kurth
Употреба: Преносно значење
Примери:
изрежирана политичка ујдурма

лажен повеќе

лажни
Вид збор: Придавка
Што е фалсификуван.
Употреба: Правда
Примери:
лажно име, лажни документи

лажира повеќе

лажираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Манипулира заради некаква полза или одредена цел.
Примери:
Пред изборите ги лажираа резултатите за јавното мнение.

наместен повеќе

наместениот
Вид збор: Придавка
неприроден, неискрен, привидно правилен, лажен
Примери:
наместен конкурс

фалсификува повеќе

фалсификуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Искриви, искривува вистина.
Примери:
фалсификува факти

фалш повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
имитација
Германски: falsch
Примери:
Тоа е оригинален производ или некој фалш?

фалш повеќе

Вид збор: Придавка
лажен, крив, невистинит
Германски: falsch
Употреба: Неменлив збор
Примери:
фалш стока

фалшив повеќе

фалшива
Вид збор: Придавка
лажлив, невистинит
Германски: falsch
Примери:
фалшиви пари

фејк повеќе

фејк
Вид збор: Придавка
лажен, невистинит, фалсификуван
Примери:
фејк информација