farmland - онтологија

нива повеќе

мн. ниви
Вид збор: Именка, женски род
Определена земјишна површина што се обработува со орање, сеење, садење.
Употреба: Земјоделство
Примери:
Нашата нива е помала од вашата.

оран повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Изорана земја.
Примери:
Да ја сетиме маката над лебецот, жегата на вршидбата, мирисот на оранта.

ораница повеќе

мн. ораници
Вид збор: Именка, женски род
Земја што се ора, што се обработува, изорана нива.
Албански: arë e lëvruar
Употреба: Земјоделство

орница повеќе

мн. орници
Вид збор: Именка, женски род
Ораница, обработлива и обработувана земја.
Албански: tokë bujqësore
Употреба: Земјоделство
Примери:
Орница е горниот слој на почвата подложен на обработка.