fertile - онтологија

дарежлив повеќе

дарежливиот
Вид збор: Придавка
плоден
Примери:
дарежлива земја

мрсен повеќе

мрсниот
Вид збор: Придавка
Што содржи многу хранливи материи, плоден (за земја).
Албански: pjellor
Употреба: Земјоделство
Примери:
мрсни грутки земја

питом повеќе

питоми
Вид збор: Придавка
За место, крај - плодороден.
Албански: e, kultivuar, e punuar
Примери:
питомо место

плоден повеќе

плодни
Вид збор: Придавка
За земја - плодороден.
Албански: pjellor
Употреба: Земјоделство
Примери:
плодна земја
За година, период - низ кој има богат плод, плодородност.
Албански: pjellor
Примери:
плодна година
Што раѓа многу, што дава потомство.
Албански: pjellor
Употреба: Медицина
Примери:
плодна жена

плодовит повеќе

Види и: плоден (прид.)
плодовитиот
Вид збор: Придавка
плоден
Употреба: Ретко

плодоносен повеќе

плодоносна
Вид збор: Придавка
плодороден
Примери:
Плодоносно дрво.

плодороден повеќе

плодородна
Вид збор: Придавка
За земја - што дава многу плод, што раѓа добро.
Употреба: Земјоделство
Примери:
Плодородна земја

роделив повеќе

Вид збор: Придавка
родлив
Употреба: Народна поезија
Примери:
Дал ти е нива роделива?

родлив повеќе

Види и: роден (прид.)
радливиот
Вид збор: Придавка
Кој дава род.
Примери:
Го фрли на некое родливо дрво.

родобитен повеќе

родобитна
Вид збор: Придавка
родлив

родовит повеќе

Вид збор: Придавка
родлив