гнојат
Вид збор: Глагол, несвршен
Во земјоделството - посипува нива, земја со гној.
Примери:
Отиде да ја гнои нивата.
догнојат
Вид збор: Глагол, свршен
Нагнои, наѓубри тоа што било започнато со гноење до крај.
Примери:
Напролет нивата треба да се догнои.
Заврши со гноење, ѓубрење.
Примери:
Селанецот го догнои овоштарникот.
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со ѓубрењето, наѓубри до крај.
ѓубрат
Вид збор: Глагол, несвршен
Потхранува со помош на ѓубре, гнои нива и сл.
нагнојат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави, фрли гној на нива, на обработливо земјиште, наѓубри со гној.
Примери:
Ја нагноивме добро нивата.
наѓубрат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави на обработливо земјиште вештачко ѓубре или гној, нагнои.
Примери:
Ги наѓубри нивите пред есенското орање.
оплодат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да зачне, да се создаде плод кај човек, животно или растение.
Hаправи нешто да стане плодно, плодородно.
Примери:
Оплоди ја оваа посна земја.