finish - онтологија

довршок повеќе

мн. довршоци
Вид збор: Именка, машки род
крај, завршок

завршница повеќе

мн. завршници
Вид збор: Именка, женски род
Краен, последен, завршен дел од некоја игра, работа, процес и сл.
Примери:
Таа теза најмногу доаѓа до израз во завршницата на пиесата.

истек повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Привршување, завршување на нешто.
Албански: mbarim, përfundim
Примери:
Отиде дома на самиот истек на ноќта.

свршеток повеќе

мн. свршетоци
Вид збор: Именка, машки род
Крај, завршница на нешто, граница до каде што нешто трае.
Примери:
Драмата се ближи до својот свршеток.

скончание повеќе

Вид збор: Именка, среден род
крај
Употреба: Архаизам

скончило повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Крај, свршувачка, свршок; крај на животот.
Употреба: Архаизам
Примери:
скончилото на светот

скончување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
завршеток, крај

финиш повеќе

(едн.) финишот
Вид збор: Именка, машки род
Завршен дел на спортски натпревари во брзина.
Албански: finish, cak
Употреба: Спорт
Цел, крајна точка на спортски натпревар.
Албански: finish, fund
Употреба: Спорт
Примери:
Во финишот на трката.