flash - онтологија

блесне повеќе

блеснат
Вид збор: Глагол, свршен
Наеднаш испушти силна светлина; силно светне.
Албански: shndritë
Примери:
Блесна молња.
Наеднаш се открие, се пројави со нешто.
Албански: shndritë, paraqitet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неочекувано блесна една мисла.

болска повеќе

болскаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За молскавица - молска, сека.
Албански: veton
Примери:
На небото болскаа секавици.

болсне повеќе

болснат
Вид збор: Глагол, свршен
За молскавица - молсне.
Албански: veton
Примери:
Hа небото болсна веда.

замолска повеќе

замолскаа
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да молска.
Примери:
Од кај ридот замолскаа молњи.

засвети повеќе

засветат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да свети, да дава светлина.
Албански: ndriçon
Примери:
Сонцето силно засвети.
Почне да свети, да блеска, да сјае.
Албански: bën dritë, shkëlqen
Употреба: Преносно значење
Примери:
Нему му засветија очите.

зболсне повеќе

Види и: болсне (св.)
зболснат
Вид збор: Глагол, свршен
болсне
Употреба: Дијалектен збор

ливне повеќе

ливнат
Вид збор: Глагол, свршен
бликне, блисне

молска повеќе

молскаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За молња - светка, сека.

молсне повеќе

молснат
Вид збор: Глагол, свршен
блесне, светне
Примери:
Во главата му молсна прашање.

размолска повеќе

размолскат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да молска.
Примери:
И кога ко игла ти прободе уши – ти растресе снага и размолска тага.

размолскоти повеќе

Види и: молскоти (несв.)
размоскотат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне силно да блеска, светка.
Примери:
Размолскоти градот.

размолскотува повеќе

Види и: размолскоти (св.)
размолскотуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
размолскоти

светка повеќе

светкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(само во 3 л.) За молскавица, блеска со силна, искричава, заслепувачка светлина.
Албански: ndris, shkëlqen
Примери:
Светкаат светкавици.
(само во 3 л.) За очи: блеска, блескоти.
Албански: shkëlqen, ndrit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Му светкаат очите како на ѓавол.

светне повеќе

светнат
Вид збор: Глагол, свршен
(само во 3. л.) - за молскавица: молсне.
Албански: ndez
Примери:
Светкавица светна некаде далеку.

светнува повеќе

светнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
молснува

сека повеќе

секаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(само во 3. л.) За молскавица: молска, светка.
Албански: ndriçon
Примери:
Секавици секаат.

секне повеќе

секнат
Вид збор: Глагол, свршен
(само во 3. л.) - за молскавица
Албански: rrufen
Примери:
Беше темно, само одвреме-навреме секавица ќе секнеше.

секнува повеќе

секнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
молснува
Албански: veton