flat - онтологија

бемол повеќе

мн. бемоли
Вид збор: Именка, машки род
Знак во музиката (♭) за снижен полутон од назначениот.
Употреба: Музика и танц
Примери:
симфонија во си бемол

плиток повеќе

плитки
Вид збор: Придавка
Што е со мала раздалечина од површината до дното.
Примери:
Плитка вода.

плоскав повеќе

Види и: плоскат (прид.)
плоскавиот
Вид збор: Придавка
плоскат

плоскат повеќе

плоскати
Вид збор: Придавка
Што е со рамна површина, што е без нерамности.
Примери:
плоскато лице, плоската глава, плоската нога
За предмет – што е широк, а не е дебел и страните му се рамни.
Примери:
плоскато шише, плоскато камче

плочест повеќе

плочестиот
Вид збор: Придавка
Што има форма на плоча.
Примери:
плочест камен

разлатен повеќе

разлатна
Вид збор: Придавка
плиток и широк
Примери:
Разлатна чинија.

рамен повеќе

рамни
Вид збор: Придавка
Мазен, по кој нема височини.
Примери:
Селото е на рамно место.

рамно повеќе

Вид збор: Прилог
рамен
Албански: rrafsh

сплескан повеќе

сплескани
Вид збор: Придавка
Што е плосок, обично поради удар или притисок.
Примери:
сплескана чинија