flatterer - онтологија

додворувач повеќе

мн. додворувачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се додворува за да стекне нечија наклонетост.
Примери:
Таа имаше многу додворувачи кои на секој начин сакаа да ја освојат.

ласкавец повеќе

мн. ласкавци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што ласка.
Примери:
Не верувај им на зборовите на ласкавецот.

лижач повеќе

Види и: подлизурко (м.)
мн. лижачи
Вид збор: Именка, машки род
подлизурко
Употреба: Пејоратив

лиживаган повеќе

мн. лиживагани
Вид збор: Именка, машки род
Човек без достоинство, подлизурко, додворувач.
Употреба: Пејоратив
Примери:
Од тој сој се се лиживагани.

подлизурко повеќе

подлизурковци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се подлизува, што се додворува лицемерно.
Примери:
Такви подлизурковци и шпиони имаше колку ти душа сака.

полтрон повеќе

мн. полтрони
Вид збор: Именка, машки род
Лажен додворувач, човек со особина на улизување пред други што ги смета авторитети; бескарактерен човек.
Примери:
Тој нема вистински пријатели, има само полтрони.

просец повеќе

мн. просци
Вид збор: Именка, машки род
додворувач
Албански: ledhatar, lakatar
Употреба: Архаизам , Поетски збор

фурка повеќе

мн. фурки
Вид збор: Именка, женски род
подлизурко, лиживаган
Албански: ledhatar, ligavec
Употреба: Преносно значење
Примери:
Голема фурка е тој.