flirt - онтологија

додвори повеќе

(се) додворат
Вид збор: Глагол, свршен
Стекне нечија наклонетост преку убаво однесување, со убави зборови, со умилкување.
Албански: flirtoj, lajkatoj
Примери:
Таа вечер, на игранката тој и се додвори на најубавата девојка.

кибицира повеќе

кибицираат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се кибицира) Се гледаат еден со друг, кокетираат.
Албански: koketoj, flirtoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Тие двајца веќе долго време се кибицираат.

кокетира повеќе

кокетираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изрази, изразува стремеж, настојува да се допадне некому, да привлече нечие внимание.
Француски: coqueter Албански: koketon
Примери:
Момите враќајќи се од вода кокетираа со ергените.
Употреби, употребува нешто за да остави определен впечаток.
Француски: coqueter Албански: flirtoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Кокетира со определена политика.

флертува повеќе

флертуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се забавува со љубовна игра без сериозна намера.