fly - онтологија

залета повеќе

залетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да лета.
Албански: fluturoj
Примери:
Ластовиците залетаа ниско.

излетне повеќе

Види и: летне (св.)
излетнат
Вид збор: Глагол, свршен
Летне наеднаш, со едно движење.
Примери:
Ќе излетне од радост.

изналета повеќе

(се) изналетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се налета многу, доволно, до задоволување.
Примери:
Гулабите се изналетаа денес, цел ден се пуштени.

крили повеќе

крилат
Вид збор: Глагол, несвршен
Лета, се крева со раширени крилја.
Албански: fluturon krahhapur
Примери:
Орелот крилеше над планината.

лета повеќе

летаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се движи, патува по воздухот со помош на свои крила, со силата на мотор или на друг начин.
Српски: летети Албански: fluturoj Бугарски: летя
Примери:
Ластовичките летаат на југ.

летка повеќе

Види и: лета (несв.)
леткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Подлетнува, лета по малку.
Употреба: Деминутив
Примери:
Леткаа роеви бели пеперутки.

налета повеќе

налетаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се налета) Помине доволно време во летање, се задоволи со летање.
Албански: fluturoj mjaft

подлетне повеќе

подлетнат
Вид збор: Глагол, свршен
Летне малку, кратко време и на кусо растојание.
Примери:
Пилето подлетна од дрвото, ама веднаш падна.

полета повеќе

полетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Лета малку, кратко време.
Албански: fluturon
Примери:
Гулабите полетаа половина час и се спуштија.
Се движи со голема брзина.
Албански: fluturon
Примери:
Таа полета во мојата прегратка.

профучи повеќе

профучат
Вид збор: Глагол, свршен
пролета
Албански: fluturon
Примери:
Профучиле дните.

прска повеќе

прскаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Испушта искри при горење.
Албански: shket ne ajër
Примери:
Од разгорениот јаглен со шум прскаат искри.