fodder - онтологија

зоб повеќе

зобта
Вид збор: Именка, женски род
Житна зрнеста добиточна храна.
Албански: tagji
Примери:
Му даде зоб на коњот.

крма повеќе

мн. крми
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Храна за добитокот.
Албански: tagji
Примери:
Стоката во зима бара добра крма.

паша повеќе

мн. паши
Вид збор: Именка, женски род
Тревата што ја пасе добитокот.
Албански: ushqim, kullotë
Употреба: Земјоделство

фураж повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Храна за добиток, сточна храна.
Употреба: Земјоделство
Примери:
Овесот се користи и како фураж.

шума повеќе

мн. шуми
Вид збор: Именка, женски род
Исечени гранки со лисја, што се сушат и служат како зимна храна за добиток.
Употреба: Земјоделство
Примери:
Насече шума за добиток.