заборават
Вид збор: Глагол, свршен
Пропушти да направи нешто.
Примери:
Заборавил да дојде.
занесат
Вид збор: Глагол, свршен
(се занесе) Се внесе премногу во нешто, се заборави.
Примери:
Тој се занесе по разни работи.
(се) заплеснат
Вид збор: Глагол, свршен
се занесе
Албански:
dalldis, harrohem
Примери:
Децата се заплеснаа играјќи криенка.
Вид збор: Глагол, свршен
Заборави повеќе работи, заборави сè.
изумат
Вид збор: Глагол, свршен
Заборави, исчезне од помнењето.
Примери:
Таа изуми дека е недела и дека дуќаните се затворени.
Вид збор: Глагол, свршен
Заборави многу нешта.
Примери:
Само што излезе од вратата, испозаборави сѐ за што зборувавме.
отпознам
Вид збор: Глагол, свршен
(се отпознае) Се заборави, не се познава веќе.
Албански:
harroj, nuk njeh
Примери:
Помина многу време и другарите се отпознаа меѓу себе.
подзаборават
Вид збор: Глагол, свршен
Заборави малку, донекаде, во некоја мера.
Примери:
Зимската служба на градот е насочена кон расчистување на главните сообраќајници, па тротоарите и пешачките патеки се подзаборавени.
(се подзаборави) Се заборави малку, донекаде.
Примери:
Таа се подзаборави и остана подолго кај другарката и во посета.