from - онтологија

од повеќе

Вид збор: Предлог
(пространствено значење) Оддалечување од некаде, излегување.
Примери:
Полицијата го чекаше да излезе од куќата и да се предаде.
(пространствено значење) Одделување од нешто.
Примери:
Скинал два листа од книгата и ги сокрил.
(пространствено значење) растојание
Примери:
Колку што си подалеку од родниот крај, толку ти е поголема носталгијата.
(пространствено значење) Положба во однос на друг предмет.
Примери:
Од левата страна на улицата беа наредени неколку продавнички за сувенири.
(пространствено значење) Гранична линија од која почнува нешто.
Примери:
Надолу од колената ѝ се гледаат проширените вени.
(пространствено значење) Упатеност на местото на вршење на дејството.
Примери:
Од покривот на зградата често ги пуштал гулабите.
(пространствено значење) Извесна измереност, растојание (со други предлози).
Примери:
Од Охрид до Скопје стигнавме за два часа.
(временско значење) Момент од кога почнува нешто.
Примери:
Од утре започнува зимско сметање на времето.
(временско значење) Растојание, временска измереност.
Примери:
Оваа година славиме 60 години од основањето на Филозофскиот факултет.
поседување, припадност
Примери:
Ливадите од Петревци ги коси Јанко од Добри Дол.
Потекло, произлез на нешто.
Примери:
Секој вторник се информираме за настаните од татковината.
Дел од нешто, од целина.
Примери:
Детето касна малку од јадењето и излезе да си игра.
причина
Примери:
Ќе остари пред време од тага по загинатиот син.
Количество, мера, вредности и сл.
Примери:
Купил чевли од сто евра.
Признак, особина, карактеристика.
Примери:
Спогодбата за пасишта е од животна важност за нас.
Преминување од една состојба во друга.
Примери:
Од пријатели - станаа најголеми непријатели.
Вршител на дејство (во пасивни реченици).
Примери:
Мара беше многу навредена од синот единец.