gargle - онтологија

брбори повеќе

брборат
Вид збор: Глагол, несвршен
Жабурка, со дување или на друг начин прави меури во вода испуштајќи специфичен звук.
Албански: gargaris
Примери:
Децата со сламки од жито брбореа, испуштајќи меури во чашите.

гаргара повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Плакнење на устата и грлото со вода или со лековита течност.
Турски: gargara
Употреба: Медицина
Примери:
Секоја вечер правеше гаргара на грлото.

гаргари повеќе

гаргарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави гаргара, го плакне грлото.
Употреба: Медицина
Примери:
Секоја вечер гаргари.

жабурка повеќе

жабуркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави гаргара, ја плакне устата или грлото.
Примери:
Тој ја жабуркаше водата во устата.

зажабурка повеќе

зажабуркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да жабурка, да движи некаква течност низ устата, произведувајќи специфичен звук.
Албански: gargaris
Примери:
Првин ја зажабурка ракијата, а потоа ја голтна.

згргори повеќе

Види и: гргори (несв.)
згргорат
Вид збор: Глагол, свршен
гргори
Албански: gurgullon
Примери:
Згргори поточето, па се смири.