golden - онтологија

алтанлија повеќе

мн. алтанлии
Вид збор: Придавка
(немен. по род) Што е од злато.
Турски: atın
Употреба: Неменлив збор
Примери:
прстен алтанлија

злат повеќе

Вид збор: Придавка
златен
Примери:
Злат прстен фрлен в кал.

златен повеќе

златниот
Вид збор: Придавка
Што е изработен од злато, што е позлатен или што е извезен со злато.
Албански: i artë, florinjtë
Примери:
златно синџирче
Што содржи злато.
Албански: i artë, florinjtë
Примери:
златен песок
Што е како злато (по боја, по сјај, по изглед).
Албански: i artë, florinjtë
Примери:
златна пченица
Што има особини кои се ценат високо (како злато).
Албански: i artë
Употреба: Преносно значење
Примери:
златни раце
Што се одликува со висок подем, напредок.
Албански: i artë
Примери:
златен век

златест повеќе

златести
Вид збор: Придавка
Што има боја на злато, што е како злато.
Примери:
Жената имаше златеста коса.

злаќен повеќе

злаќениот
Вид збор: Придавка
Што е позлатен.
Употреба: Народна поезија
Примери:
Злаќени стрели.