governor - онтологија

валија повеќе

мн. валии
Вид збор: Именка, машки род
Царски намесник, турски воено-административен старешина на една област (вилает).
Турски: vali
Употреба: Историја
Примери:
Ќе појдеме кај валијата и ќе се жалиме.

губернатор повеќе

мн. губернатори
Вид збор: Именка, машки род
управник на губернија
Примери:
Добија покана за бал кај губернаторот.

гувернер повеќе

мн. гувернери
Вид збор: Именка, машки род
Управник на област, колонија или земја.
Албански: guvernator
Употреба: Административен термин
Примери:
Жителите се подготвуваа да го пречекаат гувернерот.