grease - онтологија

измрси повеќе

измрсат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде мрсно.
Албански: lyrësoj, lyej me yndyrë
Извалка со нешто мрсно.
Албански: damkos, njollos
Примери:
Ги измрси панталоните работејќи во гаражата.
(се измрси) Се извалка со нешто мрсно.
Албански: njollos me yndyrë

лои повеќе

лојат
Вид збор: Глагол, несвршен
Натопува, мачка со лој.

налои повеќе

налојат
Вид збор: Глагол, свршен
Намачка со лој.

намрси повеќе

намрсат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави, тури мрсно (сало, масло) при месење, при готвење.
Албански: lyej me shumë yndyrë
Употреба: Гастрономија
Примери:
Многу си го намрсила зелникот.
(се намрси) Се извалка со нешто мрсно.
Албански: njollosem me yndyrë
Примери:
Си се намрсил со бурекот на кошулата .

натучи повеќе

натучат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави маст, намрси, запржи со маст.
Албански: bëj me yndyrë
Употреба: Гастрономија
Примери:
Многу го натучила јадењето.

омрси повеќе

омрсат
Вид збор: Глагол, свршен
Прави нешто да стане мрсно.
Албански: lëmoj
Примери:
Гравот го запржи и омрси со една конзерва говедско.