green - онтологија

зазеленее повеќе

(се) зазеленеат
Вид збор: Глагол, свршен
се зазелени
Примери:
За да ја испита послушноста на Јован, св. Памво му нареди да залева еден сув стап забоден во земја, сѐ додека не зазеленее.

зазелени повеќе

(се) зазеленат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да станува зелен.
Примери:
Напролет дрвјата повторно ќе (се) зазеленат.

зеленее повеќе

зеленеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Станува зелен, позеленува.
Албански: gjelbëron
Примери:
Природата прекрасно зеленее во пролет.
(се зеленее) Се покажува со својата зелена боја.
Албански: gjelbëron
Примери:
Сред изораната нива се зеленееја неколку багреми.

зелени повеќе

зеленат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави нешто да стане зелено.
Албански: gjelbëroj
Примери:
Младата трева ги зелени обувките.

озелени повеќе

озеленат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие зелена боја.
Албански: gjelbëroj, bëj jeshil
Примери:
Озеленеа ливадите.

позеленее повеќе

Види и: зеленее (несв.)
позеленеат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане зелено, добие зелена боја, ја менува бојата во зелено.
Примери:
Најубаво е кога ќе позеленеат полињата и ливадите.

позелени повеќе

позеленат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да добие зелена боја.
Албански: gjelbëron
Примери:
Таа си ја позелени блузата, лежејќи на тревата.
Насади ниско зеленило, трева и сл.
Албански: gjelbëron
Примери:
Управата ги позелени површините што беа покриени со смет.
Стане зелен.
Албански: gjelbëron
Примери:
Дрвјата позеленеа.

пораззелени повеќе

Види и: раззелени (св.)
(се) пораззеленат
Вид збор: Глагол, свршен
Се раззелени малку, во некоја мера.
Албански: gjelbëroj pak
Примери:
Пролет е и дрвото во дворот пораззелени.
(се пораззелени) Се раззелени во голема, поголема мера, насекаде.
Албански: gjelbërohet gjithkah
Примери:
Цела ливада пораззеленила.

раззеленее повеќе

Види и: раззелени (св.)
(се) раззеленеат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) раззелени

раззелени повеќе

Види и: зелени (несв.)
раззеленат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие зелена боја, озелени.
Албански: gjelbëron
Примери:
Да раззеленат ливаѓето.
(се раззелени) Стане зелен.
Албански: gjelbëroj