grumble - онтологија

поднамурти повеќе

поднамуртат
Вид збор: Глагол, свршен
Се намурти малку, донекаде.
Албански: mrrolet pak
Примери:
Тој се поднамурти и свика по децата.

ржи повеќе

ржат
Вид збор: Глагол, несвршен
За човек - зборува налутено, заканувачки.
Албански: gjëmon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Шефот беше навреден и ’ржеше во канцеларијата.

роптае повеќе

Види и: ропти (несв.)
роптаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Искажува незадоволство.
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Никогаш тој не роптае.

ропти повеќе

роптат
Вид збор: Глагол, несвршен
Искажува незадоволство, оддава ропот.

смршти повеќе

смрштат
Вид збор: Глагол, свршен
(се намршти) Се покрие со брчки.
Албански: mrrolet
Примери:
Што си се смрштил?

смрштува повеќе

Види и: смршти (св.)
(се) смрштуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) намрштува

сржи повеќе

сржат
Вид збор: Глагол, свршен
За човек - свика; почне наеднаш да зборува налутено, заканувачки.
Албански: bërtas, gjëmoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Војници, сржа лошо расположениот командант.