guard - онтологија

вардач повеќе

мн. вардачи
Вид збор: Именка, машки род
чувар, стражар
Примери:
Биди верен вардач на сиот народ.

гаваз повеќе

мн. гавази
Вид збор: Именка, машки род
Личен чувар на лице на висока позиција или дипломат.
Турски: kavas Албански: truproje
Употреба: Архаизам
Примери:
Дојде бегот со двајца гавази за да го заплашува народот.
стражар, чувар
Албански: rojë, mbrojtës
Употреба: Архаизам
Примери:
Гавазите стоеја пред кафеаната.

гард повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Одбранбена положба во одредени спортови.
Употреба: Спорт
Примери:
Боксерот зазеде цврст гард.

пандур повеќе

мн. пандури
Вид збор: Именка, машки род
вооружен полициски чувар
Албански: pandur
Употреба: Архаизам
Примери:
општински пандур

редар повеќе

мн. редари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што чува ред на некој собир, приредба и сл.
Албански: kujdestar, rojtar

стража повеќе

мн. стражи
Вид збор: Именка, женски род
Поставивме стража пред зградата.
Примери:
(разг.) Под стража.

стражар повеќе

мн. стражари
Вид збор: Именка, машки род
Оној што чува стража.
Албански: rojë
Употреба: Воен термин
Примери:
Влеговме во кулата пред која немаше стражар.
чувар, заштитник
Албански: rojë, mbrojtës
Употреба: Книжевен збор
Примери:
стражар на мирот

чауш повеќе

мн. чауши
Вид збор: Именка, машки род
Вооружен турски чувар, стражар.
Албански: rrojtar
Употреба: Архаизам

чувадар повеќе

мн. чувадари
Вид збор: Именка, машки род
чувар
Употреба: Архаизам

чувар повеќе

мн. чувари
Вид збор: Именка, машки род
Оној што чува.
Албански: rojtar
Примери:
Чувар на магазините, чувари на редот.

чувач повеќе

мн. чувачи
Вид збор: Именка, машки род
чувар