gutter - онтологија

вада повеќе

мн. вади
Вид збор: Именка, женски род
Канал што служи за одвод на вода.
Албански: jaz, kanal

одливник повеќе

мн. одливници
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што насочено истекува вода.
Албански: therkë, kanal
Примери:
Во дворот имаше цементиран одливник каде што се собираше водата.

олук повеќе

мн. олуци
Вид збор: Именка, машки род
Жлеб или лимена цевка низ која истекува водата, дождовницата.
Турски: oluk
Примери:
Отспротива по олукот уште тропа дождовницата.

сулинар повеќе

мн. сулинари
Вид збор: Именка, машки род
ќунк
Албански: buri
Примери:
Сулинарите од ќумбето треба да се исчистат.