hand - онтологија

показалка повеќе

мн. показалки
Вид збор: Именка, женски род
стрелка на апарат за мерење
Албански: akrep
Примери:
Показалката покажуваше 8 часот.

рака повеќе

мн. раце
Вид збор: Именка, женски род
Секој од двата горни члена на човека; делот од зглобот до врвовите на прстите.
Српски: рука Албански: dorë Бугарски: ръка
Употреба: Анатомија
Примери:
Останал на гробот со прекрстени раце.

раче повеќе

мн. рачиња
Вид збор: Именка, среден род
рака
Албански: dorëz
Употреба: Деминутив
Примери:
Ме фати со рачињата.

рачен повеќе

рачни
Вид збор: Придавка
Предназначен или приспособен за раце.
Примери:
рачен часовник, рачен багаж
Произведен на рака.
Примери:
рачна работа, рачна изработка
Кој се пушта во дејство со рака.
Примери:
рачна машина, рачна преса

рачица повеќе

Вид збор: Именка, женски род
рака
Албански: dorë
Употреба: Анатомија , Деминутив
рачка
Албански: dorëz
Употреба: Деминутив

шепа повеќе

мн. шепи
Вид збор: Именка, женски род
голема рака
Примери:
Со своите тешки шепи ја грабна девојката.
група од луѓе
Примери:
Судбината на земјата беше во рацете на шепа техничари и пилоти.
Количество што може да се фати со шепата.
Примери:
Го продаде за шепа сребреници.