handle - онтологија

балчак повеќе

мн. балчаци
Вид збор: Именка, машки род
Рачка на сабја, на јатаган, на меч и сл.
Турски: balçak
Примери:
Имаше крива сабја со бакрен балчак.

владее повеќе

владеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ракува со алат, се служи со средство, знае.
Албански: zotëroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Секој добар мајстор владее сигурно со својот алат.

држалје повеќе

Види и: држалка (ж.)
мн. држалја
Вид збор: Именка, среден род
држалка

држалка повеќе

мн. држалки
Вид збор: Именка, женски род
Дел од алатка што се држи со рацете.
Албански: bisht, dorëz
Примери:
Држалката на секирата.

дршка повеќе

мн. дршки
Вид збор: Именка, женски род
Дел од предмет што се држи со раката.
Албански: dorezë, bisht
Примери:
дршката на ножот

квака повеќе

мн. кваки
Вид збор: Именка, женски род
Дршка, рачка на брава за отворање и затворање на врата, прозорци и сл.
Албански: dorezë
Примери:
Внимателно ја притисна кваката и ја турна вратата.

ракува повеќе

ракуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Управува, раководи нешто; манипулира со нешто.
Албански: drejtoj
Примери:
Само тој знаеше да ракува со оружје.

рачица повеќе

Вид збор: Именка, женски род
рачка
Албански: dorëz
Употреба: Деминутив

рачка повеќе

мн. рачки
Вид збор: Именка, женски род
Дел од предмет што се држи со раката.
Албански: dorezë
Употреба: Разговорно
Примери:
Наоѓа рачки и мрдалки.

сап повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Дршка, рачка на секира, лопата и сл.
Турски: sap

справува повеќе

Види и: справи (св.)
(се) справуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се справува) Излегува на крај.
Албански: ia dal, tejkaloj
Употреба: Ретко