healer - онтологија

исцелител повеќе

мн. исцелители
Вид збор: Именка, машки род
Тој што има моќ да исцелува, да лекува со методи различни од методите на медицината.
Употреба: Медицина
Примери:
Најпознатиот македонски исцелител Иван, кој потекнува од Куманово, неодамна даде свои прогнози за она што и како ќе им се случува на одредени македонски музички имиња.

лекувач повеќе

мн. лекувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што лекува, а не е лекар, народен лекар.
Примери:
Побара лек од селскиот лекувач.

лечебник повеќе

мн. лечебници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што лекува.
Употреба: Архаизам , Медицина
Примери:
Средновековните лечебници лекувале со треви.