hiss - онтологија

зашумоли повеќе

зашумолат
Вид збор: Глагол, свршен
За ветар, море, дрвја и сл. - почне да шумоли.
Примери:
Зашумоли гората.

пишти повеќе

пиштат
Вид збор: Глагол, несвршен
Плаче со пискот.
Албански: qan me piskam
Примери:
Пишти детето.

просаска повеќе

Види и: саска (несв.)
просаскаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да саска.
Албански: fërshëllej
Примери:
Змија просаска во тревата.
Каже нешто злобно, често низ заби, со специфичен тон, глас како саскање.
Албански: fërshëllej
Примери:
Луто просаска низ заби нешто неразбирливо.

саскот повеќе

мн. саскоти
Вид збор: Именка, машки род
звук на саскање
Примери:
метален саскот

фрка повеќе

фркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Удри со камшик, прачка испуштајќи звук.
Примери:
Арабаџиите фркаат со камшиците по кољите.

фрчи повеќе

фрчат
Вид збор: Глагол, несвршен
Лета со шум.
Албански: fluturon me ushtim
Примери:
Каменот фрчи.

шиштеж повеќе

мн. шиштежи
Вид збор: Именка, машки род
Постојан, придушен звук на нешто што шишти.
Примери:
Силен шиштеж од бојлерот и од цевките.

шишти повеќе

шиштат
Вид збор: Глагол, несвршен
За животни - испушта специфичен саскав звук.
Примери:
Змијата шишти.
Испушта специфичен звук.
Примери:
Ветерот шишти, пишти, носи се пред себе.

шушти повеќе

Види и: шишти (несв.)
шуштат
Вид збор: Глагол, несвршен
шишти
Употреба: Дијалектен збор