howl - онтологија

вие повеќе

вијат
Вид збор: Глагол, несвршен
За животно (волк, пес) - издава силен, продолжителен глас.
Албански: uluron
Примери:
Кучињата виеја надвор.
Ветар, инструмент што произведува звук.
Албански: ushton
Употреба: Преносно значење
Примери:
Фабричките сирени виеја долго и страшно.

виеж повеќе

мн. виежи
Вид збор: Именка, машки род
Виење, завивање на волк или куче.
Примери:
виеж на волчица

виј повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
завивање
Употреба: Поетски збор

вој повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
виеж, виење
Употреба: Поетски збор
Примери:
волчи вој

грохот повеќе

(едн.) грохотот
Вид збор: Именка, машки род
застрашувачки или тажен глас
Српски: грохот

грохоти повеќе

грохотат
Вид збор: Глагол, несвршен
Завивање, испуштање застрашувачки или тажни гласови.
Српски: грохотити
Употреба: Дијалектен збор

завива повеќе

Види и: завие (св.)
завиваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Почне да вие.
Албански: uluron
Примери:
Завијаа волците.

завие повеќе

Види и: завива (несв.)
завијат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да вие.
Албански: ulëroj
Примери:
Далеку во планината завија волци.

повие повеќе

повијат
Вид збор: Глагол, свршен
Вие малку, кратко време.
Албански: ulërij
Примери:
Ќе повијат, повијат, а после како волците да ги немало.

урла повеќе

урлаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Вика силно, гласно се дере.
Српски: урла
Употреба: Дијалектен збор