инсанот
Вид збор: Именка, машки род
човек
Турски:
insan
Албански:
njeri, insan
Употреба:
Архаизам
Примери:
Не е инсанот мравка, па да го газиш.
општочовечкиот
Вид збор: Придавка
Што е општ за сите луѓе.
Примери:
Основните еколошки, цивилизациски, културни и општочовечки норми.
мн. суштества
Вид збор: Именка, среден род
човек
Примери:
Загина едно невино суштество.
мн. луѓе
Вид збор: Именка, машки род
(општо) Како одделно и особено суштество меѓу другите суштества.
Српски:
човек
Албански:
njeri
Бугарски:
човек
Грчки:
άνθρωπος
Примери:
потеклото на човекот
човекови
Вид збор: Придавка
Што му припаѓа на човекот или е во врска со човекот.
Примери:
човековото потекло
човечни
Вид збор: Придавка
Добросрдечен, човекољубив, што има благородни чувства.
Примери:
Тој беше добар баритон, благ и човечен.
Што изразува човекољубивост, благородна чувства
Примери:
човечна постапка
човечка
Вид збор: Придавка
Што му припаѓа на човек.
Примери:
човечко тело
Што е карактеристичен за човекот, што му е својствен на човекот.
Примери:
човечки живот, човечко дело
Што се состои од луѓе.
Примери:
човечкото општество