identify - онтологија

идентификува повеќе

идентификуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Утврди, утврдува идентитет, еднаквост.
Албански: përcaktoj
Примери:
Беше повикан да го идентификува убиецот.
Изедначи, изедначува некого или нешто со некого или нешто.
Албански: barazoj
Примери:
Поимот држава тој го идентификува со поимот нација.
(се идентификува) Се изедначува со некого или со нешто.
Албански: identifikoj
Примери:
Таа се идентификува со мајката.

идентифицира повеќе

Види и: идентификува (св. и несв.)
идентифицираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
идентификува
Примери:
И виното може да се идентифицира како луѓето преку отпечаток на прстите.

легитимира повеќе

легитимираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изврши, извршува проверка на нечија легитимација.
Албански: legjitimoj
Употреба: Правда
Примери:
Полицаецот го легитимира возачот.