incompetent - онтологија

некадарен повеќе

некадарниот
Вид збор: Придавка
Што не е кадарен.
Албански: i paaftë
Примери:
Кога е некадарен, зошто се нафатил.

некадарник повеќе

мн. некадарници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е некадарен, неспособен; некадарен човек.
Примери:
Се фатил со некој некадарник и ништо не направил.

некомпетентен повеќе

некомпетентниот
Вид збор: Придавка
Што не е компетентен, што нема компетенција.

ненадлежен повеќе

ненадлежниот
Вид збор: Придавка
Што не е надлежен за нешто, што нема право на решавање.
Примери:
Ненадлежен службеник.