inflame - онтологија

вгорешти повеќе

(се) вгорештат
Вид збор: Глагол, свршен
Се запали, се засили.
Албански: kallet, ndizet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сега, по тие зборови, тој се вгореши и почнува да вика.

воспали повеќе

воспалат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика воспаление.
Албански: shkaktoj ndezje
Употреба: Медицина
Примери:
Од силното врескање го воспалил грлото.
(се воспали) Се предизвика воспаление.
Албански: shkaktoj ndezje
Употреба: Медицина
Примери:
Од потта можат да му се воспалат очите.

габардиса повеќе

габардисаат
Вид збор: Глагол, свршен
За рана збувне, се воспали.
Албански: ndez, iritoj
Употреба: Медицина
Примери:
Качи температура оти раните му габардисаа.

пристрасти повеќе

пристрастат
Вид збор: Глагол, свршен
Страсно засака.
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Се пристрастил кон тој вид романи.

распали повеќе

распалат
Вид збор: Глагол, свршен
разгори
Албански: ndez
Примери:
Распали го огнот.