безгрешниот
Вид збор: Придавка
Што нема грев, непорочен, што е без вина.
Примери:
Безгрешна, ангелска душа.
невиниот
Вид збор: Придавка
Што не е виновен, што нема вина.
Примери:
Одлежа в затвор некое време додека се докажа дека е невин.
Што лесно им верува на другите, простодушен, наивен.
Примери:
Невина младост.
недолжни
Вид збор: Придавка
Што никому ништо не згрешил, што не е виновен.
Примери:
Војната не одбира, во неа страдаат многу недолжни луѓе.
непорочниот
Вид збор: Придавка
Што не е порочен, што нема пороци; виcоко морален.
Примери:
Непорочна душа.
оправданиот
Вид збор: Придавка
Што е ослободен од вина.
Примери:
Вие гласате обвинетиот да биде оправдан?
прави
Вид збор: Придавка
Што нема вина, што е невин, недолжен.
Албански:
i drejtë, i pafajshëm
Примери:
Не се знае кој е прав, а кој е крив.