insofar - онтологија

доколку повеќе

Вид збор: Сврзник
(до колку) За означување на сразмерност (во сооднос/заедно со прилогот дотолку).
Примери:
Доколку му беше мачно што не стигнаа во некое населено место, дотолку господарот му беше задоволен што ќе може да преспие под ведро небо.

дотаму повеќе

Вид збор: Прилог
До тој степен, до таа мера.
Примери:
Еден козар ќе стигне дотаму да стане управник.