инструираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Даде, дава упатство за работа.
Примери:
Наставникот ја следи и инструира работата на учениците.
поучат
Вид збор: Глагол, свршен
Учи малку, кратко време; учи друг.
Примери:
Нѐ поучи година време и го преместија.
учат
Вид збор: Глагол, несвршен
(со предмет) Учител е на некого, му предава на некого.
Примери:
Јас сум ги учел твоите деца.
(се учи) се поучува
Албански:
mësohet, këshillohet
Примери:
Помладите се учат од постарите.