insult - онтологија

изнавреди повеќе

изнавредат
Вид збор: Глагол, свршен
Навреди многу, во голема мера некого или многумина.
Албански: ofendoj shumë
Примери:
Пијаниот ги изнавреди присутните.

мака повеќе

мн. маки
Вид збор: Именка, женски род
навреда
Албански: fyerje
Примери:
Мака ми е што така зборат за мене.

навреди повеќе

навредат
Вид збор: Глагол, свршен
(се навреди) Се почувствува погоден, прими, сфати нешто како навреда.
Албански: fyej, ofendoj
Примери:
Таа се навреди од неговата шега.

огорчи повеќе

огорчат
Вид збор: Глагол, свршен
(се огорчи) се налути, се навреди
Албански: hidhëroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се огорчи од нивното однесување.

острило повеќе

мн. острила
Вид збор: Именка, среден род
Остар збор, навреда, поглед и сл.
Албански: shikim, fjalë e mprehtë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Стоеше со наведена глава и мирно го примаше острилото од зборовите на стариот.

шлаканица повеќе

мн. шлаканици
Вид збор: Именка, женски род
срамота, јавна навреда
Примери:
Ова беше шлаканица врз сите здравствени работници.