interfere - онтологија

брка повеќе

бркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се брка) Се меша во некоја, обично туѓа работа.
Албански: ndërhyj
Примери:
Тој постојано се брка во моите работи.

замеша повеќе

Види и: меша (несв.)
замешаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се замеша) Се вклучи, се вмеша во некаков чин, настан, случка и сл.
Албански: kyç
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој се замеша во разговорот.

намеша повеќе

(се) намешаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се замеша, се смеша во туѓ разговор, во туѓа расправија и др.
Примери:
Кој ви дава право да се намешате во мојот живот?

плетка повеќе

плеткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се плетка) Се меша таму каде што не му е место.
Албански: ndërhyj
Примери:
И тој се плетка во тие работи.