interview - онтологија

анкетира повеќе

анкетираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Собере, собира податоци со помош на анкета, на прашалник.
Примери:
Таа ги анкетира студентите на Филолошкиот факултет.

интервју повеќе

мн. интервјуа
Вид збор: Именка, среден род
Разговор, наменет за јавноста, што го води новинар со некоја позната личност.
Албански: intervistë
Примери:
Изјавите и интервјуата на крунскиот сведок се пренесуваат како ексклузива од највисок ранг.
Во психологијата - метод при кој со помош на разговор се добиваат податоци за испитаникот.
Албански: intervistë
Употреба: Медицина
Разговор за кандидат при вработување.
Албански: intervistë
Употреба: Економија

интервјуира повеќе

интервјуираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи, прави интервју, разговор со видна личност од јавниот живот.

испраша повеќе

испрашаат
Вид збор: Глагол, свршен
Праша повеќемина.
Албански: intervjuoj
Примери:
Ги испраша сите дојденци за него.