invasion - онтологија

инвазија повеќе

мн. инвазии
Вид збор: Именка, женски род
Непријателски пробив во некоја земја со цел да се освои, да се окупира.
Албански: invazion, sulm
Употреба: Воен термин
Примери:
Изврши инвазија.
Надоаѓање, појавување во многу голем број.
Албански: invazion
Употреба: Преносно значење
Примери:
Инвазија на скакулци.

наезда повеќе

мн. наезди
Вид збор: Именка, женски род
Навлегување, упад на непријател, освојувач во некоја земја.
Албански: invazion, ndërhyrje
Примери:
Во големата наезда на разни војски биле уништени многу културни споменици.
Ненадејна појава на инсекти или на други штетници.
Албански: invazion
Употреба: Преносно значење
Примери:
Наезда на скакулци.

упад повеќе

мн. упади
Вид збор: Именка, машки род
насилно влегување
Албански: ndërhyrje
Употреба: Воен термин
Примери:
упад на непријателот

упаѓање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
упаѓа