jealous - онтологија

завислив повеќе

зависливиот
Вид збор: Придавка
Што чувствува завист, што завидува некому.
Примери:
завислив човек

љубоморен повеќе

љубоморниот
Вид збор: Придавка
Што чувствува љубомора.
Примери:
Таа беше љубоморна на помладата сестра.

ревнив повеќе

ревниви
Вид збор: Придавка
Склон кон ревнување.
Примери:
Не е многу ревнив како маж.
Кој изразува ревност, што завидува на друг.
Употреба: Архаизам
Примери:
Со ревнив поглед.

ревнител повеќе

мн. ревнители
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се стреми ревносно да придонесе кон нешто.
Употреба: Архаизам
Примери:
Па Господ - името Му е Ревнител - Бог е ревнив.