junk - онтологија

ветошина повеќе

мн. ветошини
Вид збор: Именка, женски род
Стари работи, старудии.
Примери:
По патот го сретнав купувачот на ветошини.

крнтија повеќе

мн. крнтии
Вид збор: Именка, женски род
Дотрајан предмет од долга употреба.
Турски: kırıntı
Употреба: Разговорно

кромидарник повеќе

мн. кромидарници
Вид збор: Именка, машки род
Нешто со лош квалитет.
Албански: diçka me kualitet të dobët
Употреба: Преносно значење
Примери:
саат кромидарник

старудија повеќе

мн. старудии
Вид збор: Именка, женски род
Стари предмети кои не се повеќе за употреба.

џонка повеќе

мн. џонки
Вид збор: Именка, женски род
Вид кинески кораб со платнени едра.
Употреба: Транспорт