just - онтологија

баш повеќе

Вид збор: Прилог
Токму на тоа место.
Примери:
Слезе в село, не прашајќи зошто се збираат, и тоа баш во неговото село.

дури повеќе

Вид збор: Честичка
за истакнување
Примери:
Дознав дури по две години дека таа не направила ништо лошо.

заправо повеќе

Вид збор: Прилог
имено, всушност, токму, баш
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Јазикот е заправо единствена наша комплетна татковина.

истом повеќе

Вид збор: Прилог
Токму што, само што.
Употреба: Архаизам

истум повеќе

Вид збор: Прилог
истом
Употреба: Архаизам

одвај повеќе

Вид збор: Прилог
Во тој момент, штотуку.
Примери:
Одвај легнав да се одморам, ме повикаа на состанок.

праведен повеќе

праведни
Вид збор: Придавка
Што се заснова на правда, што се однесува на правда.
Примери:
праведен судија

право повеќе

Вид збор: Прилог
Што е засновано на правда, на правина, праведно, правично.
Албански: i drejtë
Примери:
Така е право.

само повеќе

Вид збор: Сврзник
oграничување предупредување, вршење дејност и покрај неповолен услов, со временско значење
Примери:
Оди, само побрзај да не задоцниш.
Само да + глагол - со значење услов, закана желба, изненадување.
Примери:
Само да дојде, се’ ќе се смири.

справедлив повеќе

справедливи
Вид збор: Придавка
Заснован врз правдата, вистината.
Примери:
Справедлива пресуда.

тамам повеќе

Вид збор: Прилог
тукушто
Турски: tamam
Употреба: Разговорно
Примери:
Тамам влеговме во градот, еве ти го и него.

тек повеќе

Вид збор: Честичка
дури, само
Примери:
Тек сега ми стана јасно.

тукушто повеќе

Вид збор: Прилог
Пред малку, пред кусо време, само што.
Примери:
Кога се родил, Првата светска војна тукушто завршила.

тукушто повеќе

Вид збор: Сврзник
Во зависносложни временски реченици за да се изрази непосредно вршење на дејства или во многу краток интервал едно по друго.
Примери:
Тукушто вечеравме, некој затропа на вратата.

штотуку повеќе

Вид збор: Прилог
пред малку
Примери:
Штотуку дојде.
веднаш штом
Примери:
Штотуку дојде, пак си замина.
во овој момент
Примери:
Штотуку не дошол.

штотуку повеќе

Вид збор: Сврзник
Во зависносложни реченици за да се изрази непосредно вршење на дејства или во многу краток интервал едно по друго.
Примери:
Штотуку ти излезе, тој се јави.