last - онтологија

дотрае повеќе

Види и: трае (несв.)
дотраам
Вид збор: Глагол, свршен
Истрае, трае до крај (обично негирано).
Албански: vazhdon
Примери:
Четниците не можеа да дотрајат и ги кренаа пушките.

затрае повеќе

Види и: трае (несв.)
затраат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да трае до некое време, да се одржува во некоја состојба.
Албански: vazhdon
Примери:
Затраја неколкугодишна суша.

потрае повеќе

потраат
Вид збор: Глагол, несвршен
Трае, се одржи некое време.
Албански: zgjat
Примери:
Радоста кратко потраја.

трае повеќе

траат
Вид збор: Глагол, несвршен
Продолжува да суштествува, се извршува, останува определено време.
Албански: zgjat, vazhdon
Примери:
Земјотресот траеше три минути.