leech - онтологија

лепавица повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Тој што се додворува, што се натрапува кај поважните во средината, во друштво каде што не е пожелен.
Албански: shushunjë
Употреба: Пејоратив , Преносно значење

пивавица повеќе

Види и: пијавица (ж.)
мн. пивавици
Вид збор: Именка, женски род
пијавица

пијавица повеќе

мн. пијавици
Вид збор: Именка, женски род
Водна или сувоземна глиста со цицалки на обата краја што живее како паразит, припиена на телото на животните и се храни со крв.
Латински: Hirudo medicinalis Албански: ushujzë
Употреба: Зоологија
Примери:
Му клавале пијавици.
Човек од кого не можеме со лесно да се откачиме.
Албански: shushunjë, ushujzë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Што пијавица е тој!