lesson - онтологија

лекција повеќе

мн. лекции
Вид збор: Именка, женски род
Усно излагање на наставник.
Албански: mësim, ligjeratë
Употреба: Образование
Примери:
Држи лекции по биологија.
Целина од материјалот што се предава на еден училиштен час; наставна единица.
Албански: njësi mësimore
Употреба: Образование
Примери:
Денешната лекција по историја беше интересна.

настава повеќе

(едн.) наставата
Вид збор: Именка, женски род
Систематско предавање, пренесување знаења од образовни и стручни предмети во рамките на институциите на образовниот систем.
Употреба: Образование
Примери:
училишна настава

поука повеќе

мн. поуки
Вид збор: Именка, женски род
Спознание добиено од некое свое или туѓо искуство.
Албански: mësim
Примери:
Каква поука дава баснава?

предавање повеќе

мн. предавања
Вид збор: Именка, среден род
Усно излагање на наставна единица.
Албански: ligjeratë, mësim
Употреба: Образование
Примери:
Присуствував на сите предавања.

урок повеќе

мн. уроци
Вид збор: Именка, машки род
настава, час
Албански: mësim
Употреба: Дијалектен збор , Образование
Примери:
Урок по краснопис.

училиште повеќе

мн. училишта
Вид збор: Именка, среден род
(само во едн.) предавање, часови
Албански: orë mësimi
Примери:
Денеска немаме училиште (денеска не учиме).

час повеќе

мн. часови
Вид збор: Именка, машки род
Време определено за учебни занимања.
Албански: mësim
Употреба: Образование
Примери:
час по математика