log - онтологија

балван повеќе

мн. балвани
Вид збор: Именка, машки род
Неизделкано дебело дрво, неизделкана дебела греда, подолг трупец.
Примери:
Се превртував врз густиот вител греди, балвани, откорнати брестови.

гламна повеќе

мн. гламни
Вид збор: Именка, женски род
Големо парче недогорено дрво.
Албански: kërcu, trung
Примери:
По обредот луѓето собирале изгорени гламни или јагленчиња и ги носеле дома.

клада повеќе

мн. клади
Вид збор: Именка, женски род
Пресечено или паднато парче дрво без гранки.
Албански: cung, trung

крндак повеќе

мн. крндаци
Вид збор: Именка, машки род
пенушка

пасолница повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Големо грубо неизделкано дрво; долга цепаница.
Албански: dru i pagdhendur
Употреба: Дијалектен збор

пенушка повеќе

мн. пенушки
Вид збор: Именка, женски род
Кус и дебел трупец.
Примери:
сува врбова пенушка

полено повеќе

мн. полена
Вид збор: Именка, среден род
Цепеница (обично од борина), трупец, суровица.
Примери:
Едно полено фрли во огнот.

трумбук повеќе

мн. трумбуци
Вид збор: Именка, машки род
Труп од дрво.

труп повеќе

мн. трупови
Вид збор: Именка, машки род
(за човек) трупец, дрво, цепеница
Албански: cung
Употреба: Преносно значење
Примери:
Овој не знае ништо, ептен труп!

трупец повеќе

мн. трупци
Вид збор: Именка, машки род
Дел од стебло, поголема цепаница.
Употреба: Ботаника

трупче повеќе

Види и: трупец (м.)
мн. трупчиња
Вид збор: Именка, среден род
труп
Употреба: Деминутив
Примери:
Седна на трупчето пред колибата.

ќутук повеќе

мн. ќутуци
Вид збор: Именка, машки род
пењушка, цепаница
Турски: kütük Албански: kërcu

цепеница повеќе

мн. цепеници
Вид збор: Именка, женски род
Големо расцепено дрво за горење.
Албански: trung
Примери:
Во визбата имаше цел куп цепеници.