(се) вљубат
Вид збор: Глагол, свршен
Се заљуби, пројави љубов кон некого, засака некого.
Примери:
Се вљубиле и се зеле.
залажат
Вид збор: Глагол, свршен
(се залаже) Почне да води љубов.
Примери:
Ерген и мома се залагаа ли, таа е сериозна работа.
заљубат
Вид збор: Глагол, свршен
Почувствува љубов спрема некого, засака некого.
Примери:
Тој ја заљубил поповата ќерка и ја зел за жена.
засакаат
Вид збор: Глагол, свршен
Заљуби некого.
Примери:
Тој ја засака неа уште на првата средба.
(се засака) Се заљуби еден во друг.
Примери:
Тие се засакаа уште кога беа мали.
љубат
Вид збор: Глагол, несвршен
Чувствува љубов, сака некого или нешто.
Примери:
Три години се љубевме, лоша дума не рековме.
(се љуби) Чувствуваат заемна љубов, се сакаат.
Примери:
Силно се љубеа, но судбината ги раздели.
милуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
сака, љуби
Примери:
Го милуваше со сето срце.
(се милува) Се сака со некого.
Албански:
përkëdhelem, bëj dashuri
Примери:
Се милуваа уште од мали.
сакаат
Вид збор: Глагол, несвршен
љуби
Примери:
Само него го сакам.
(се сака) се љуби
Примери:
Три години се сакаа.