mark - онтологија

бележи повеќе

бележат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Става белег, ознака.
Албански: shënoj
Примери:
Јагнињата ги бележат на Благовец.

дамкоса повеќе

дамкосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави белег, жиг, печат.
Албански: shënojë
Примери:
Шумарот ги дамкосал дрвјата.

избележи повеќе

избележат
Вид збор: Глагол, свршен
3апише се со ред.
Албански: regjistroj
Обележи се до крај, целосно.
Албански: regjistroj
Примери:
Ги избележи сите дрвја за сечење.

исколчи повеќе

исколчат
Вид збор: Глагол, свршен
Вкопа во земја, набие во земја повеќе колци на определена површина, обележи со колци.
Албански: shënoj, markim
Примери:
Го исколчивме лозјето.

маркира повеќе

маркираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
обележи, обележува, означи, означува
Примери:
Работниците го маркираа патотот.

обележи повеќе

обележат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави белег, знак на нешто, означи, маркира нешто.
Албански: shënoj
Примери:
Вчера ги обележаа пешачките премини на новата улица.
Се истакне во нешто, според нешто, остави трага, обележје.
Албански: shënoj
Примери:
Со своите дела тој обележи еден значаен период од нашата литература.

обои повеќе

обојат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде, изрази некаква специфичност, обележи со нешто.
Албански: shënoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таквите сфаќања го обоиле начинот на мислење на човекот од тоа време.

одбележи повеќе

одбележат
Вид збор: Глагол, свршен
Обележи, означи нешто.
Албански: shënoj
Примери:
Одбележете ги именките во текстот.
Проcлави некаква годишнина, датум, манифестација и сл.
Албански: shënoj
Примери:
Синовите му ја одбележаа седумдесетгодишнината на својот татко.

означи повеќе

означат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави ознака.
Албански: shënoj
Примери:
Го означиле патот.
Обележи и значи.
Албански: shënoj
Примери:
Таа збирка песни го означува почетокот на нова фаза во неговото творештво.