migrant - онтологија

дошлак повеќе

мн. дошлаци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се доселило од друг крај.
Примери:
Дошлакот говорел грчки.

иселеник повеќе

мн. иселеници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се иселило од родната земја во друга на постојано живеење.
Примери:
Голем е бројот на нашите иселеници во светот.

мигрант повеќе

мн. мигранти
Вид збор: Именка, машки род
Тој што мигрира.

печалбар повеќе

мн. печалбари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што ја напуштил татковината за подобар живот во туѓина.
Албански: mërgimtar, kurbetçi
Примери:
Најмногу печалбари сретнав во Америка.

преселеник повеќе

мн. преселеници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се преселил, преселено лице.
Примери:
Местото е населено од преселници.

селица повеќе

мн. селици
Вид збор: Именка, женски род
преселник
Примери:
птица - селица