misuse - онтологија

блудничи повеќе

блудничат
Вид збор: Глагол, несвршен
Врши блуд, полови дејства врз друго лице.
Примери:
Тројца гостиварци блудничеле со малолетничка.

злоставува повеќе

злоставуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
злоупотребува
Српски: злостављати
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Снимка на која возрасно лице злоставува деца.

злоупотреби повеќе

злоупотребат
Вид збор: Глагол, свршен
Противзаконски, неправилно употреби нешто или некого.
Употреба: Правда
Примери:
Осомничениот призна дека злоупотребил тројца малолетници.

измолзе повеќе

измолзат
Вид збор: Глагол, свршен
Материјално искористи друго лице.
Албански: mjel, keqpërdorë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Децата ја измолзеа старата, и ги зедоа сите пари и сиот имот.

искористи повеќе

искористат
Вид збор: Глагол, свршен
Користи, злоупотреби некого, извлече корист со сила или измама на нечија штета.
Албански: shfrytëzoj, keqpërdor
Примери:
Го искористи и го остави без размислување.

приватизира повеќе

приватизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Злоупотребува јавна функција во приватни цели.
Албански: shpërdoroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој ја приватизира функцијата претседател за свои цели.